Почина Видое Ристовиќ, сопругот на Николина Пишек: Водителката ja потврди тажната вест

Српските медиуми ја пренесуваат тажната вест за смртта на Видоје Ристовиќ, историчар на уметност познат и како сопруг на Николина Пишек Ристовиќ

Синоќа околу полноќ починал сопругот на водителката Николина Пишек Ристовиќ и историчарот на уметност Видое Ристовиќ.

Николина за nova.rs ја потврди тажната вест, но немала сила да каже нешто повеќе за тоа и што се случило. Порталот јавува дека Брзата помош констатирала смрт во текот на претходната ноќ.


Николина и Видоје се во брак од 2013 година, се венчаа во Монте Карло, а во декември 2014 година ја добија ќерката Уна Софија, додека тој од првиот брак ја имаше ќерката Матеа.


Фото: Youtube- screenshoot - zabava/Инстаграм