Му роди дури пет деца, ја остави за помлада и без скршен денар: Првата сопруга на Илон Маск ја откри неговата темна страна

Илон Маск се најде во центарот на вниманието на јавноста откако го купи Твитер, а многумина се сетија на неговата прва сопруга Џастин, која ја откри темната страна на милијардерот.

Откако Twitter беше продаден на милијардерот Илон Маск за 44 милијарди долари, еден од најбогатите луѓе во светот повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста. Неговиот љубовен живот често поминуваше низ медиумите, а не е тајна дека Илон Маск беше слаб на познатите дами.

Во септември, по тригодишна врска, Илон се раздели со пејачката Клер Елис Баучер, попозната како Грајмс. Милијардерот тогаш изјави дека останале во добри односи и дека заедно ќе се грижат за својот едногодишен син со необичното име X Æ A-Xii.

„Се разделивме, но сепак се сакаме и често се гледаме“, рекол милијардерот.

„Мојата работа во SpaceX и Tesla бара од мене да бидам во Тексас или да патувам во странство, додека таа е првенствено во Лос Анџелес. Таа моментално престојува со мене, а нашиот син е во соседната соба", додаде Маск.

Пред неколку месеци Грајмс ја шокираше јавноста со своите изјави на тема мајчинство и фактот дека не се идентификува како мајка. Таа рече дека не и се допаѓа нејзиниот син, чиј прекар е само Икс, да ја нарекува мајка, туку по нејзиното име Клер.

„Не знам зошто ми се гади од тој збор, бидејќи во спротивно ја почитувам мајка ми како институција. Само не знам, не можам да се поистоветувам со тоа, чудно е“, додаде таа.

Да потсетиме, додека Икс е нејзиното прво дете, Маск ги има 17-годишните близнаци Грифин и Ксавиер, 15-годишниот Демијан, и Саксон и Каи со неговата поранешна сопруга, канадската писателка Џастин Маск. Поранешниот пар го доби и синот Невада, кој почина во 2002 година во 10-тата недела од животот од синдромот на ненадејна смрт.

Милијардерот беше во брак и со актерката Талула Рајли. Тие се запознале во 2008 година во Лондон, а две години подоцна се венчале во Шкотска. По две години брак, тие се разведоа, но повторно се венчаа во 2013 година. Година и пол подоцна, Маск повторно поднесе барање за развод, но го повлече. Сепак, во 2016 година, разводот заврши.

Се забавуваше и со Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп.

И не е чудно што Маск од угледен милијардер стана контроверзна медиумска фигура, се вели во исповедта на неговата прва сопруга Џастин. Иако станува збор за изјава стара 12 години, таа повторно излезе на виделина.

Имено, во магазинот 'Marie Claire' поранешната госпоѓа Маск објави шокантна исповед за темната страна на животот со технолошки магнат.

„Кон крајот на пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна ми испрати порака дека е свршен со убавата британска актерка Талула Рајли, и која се преселила поради него во Лос Анџелес. Тогаш помислив дека мојот живот со тој човек се претвори во клише“, откри таа тогаш.


Таа додаде дека таа е неговата „почетна сопруга“ објаснувајќи што сака да каже со тоа. Имено, тие се запознале додека Илон бил уште студент, а таа била со него низ сите подеми и падови, за тој на крајот да ја замени со „нова манекенка“.

Таа напишала и дека поради договорот кој го потпишала два месеци по венчавката останала без ништо што го стекнала во бракот.

„Ми кажа дека мораме да одиме кај адвокат кој ќе ни помогне околу финансискиот договор на кој инсистира неговата компанија. Кога го погледнав зачудено, тој рече дека тоа не е предбрачен договор", открила таа.

Но, тоа беше токму таков договор. Таа го потпишала во незнаење, а со потпишувањето се откажала од правата што ѝ припаѓале како законска сопруга. Таа доби само семејна вила во Лос Анџелес која ќе ја наследат нејзините деца. Дополнително, таа потпишала дека ништо што тие го кажале за време на бракот, како и никакви сцени, не треба да се споменува во судската постапка.

„Потпишав затоа што слепо му верував. Зошто брак ако не му верувам? Бевме сродни духови. Верував дека никогаш нема да се разведеме. Животот без него ми беше незамислив", додала таа.

Со текот на годините, таа стана несреќна жена бидејќи Илон престана да биде човекот во кој се заљубила. Со растот на богатството, тој сè повеќе и повеќе барал од неа. Ја натерал да стане „трофејна русокоса“ - да си ја осветли косата, да посвети повеќе време на нејзиниот изглед и само да се смее. Денес, вели таа, не жали за разводот бидејќи животот конечно ѝ е подобар.

Неодамна американските медиуми открија која е новата девојка Илона Маска.  Богаташот го фотографираа со 23-годишната избарничка, папараците го снимија како излегува од својот приватен авион, а иако на почетокот не се знаеше за кого се работи, малку подоцна се појавија информации дека се работи за австралиската актерка Наташа Басет.


Актерката наскоро ќе се појави во новиот биографски филм за Елвис Присли, каде ќе ја игра неговата прва девојка Дикси Лок.

- Наташа и Илон се гледаат веќе неколку месеци. На почетокот тоа беше пријателска врска, а откако се разведе од Грајмс стана нешто повеќе. Таа напорно работи на кариерата, а тој ја поддржува нејзината желба да биде познат по своите успеси, а не како неговата девојка, изјави извор за The Sun.


Фото: Твитер/Инстаграм

Фото насловна: Твитер - printscreen