MUST-WATCH: Топ филмови кои предлагаме да ги погледнете за Денот на вљубените

Добивај вести на Viber

Ако одлучивте да ја прескокнете романтичната вечера во фин ресторан и оваа година на Денот на вљубените да останете дома-баш убаво. Мазењето под топло ќебе пред ТВ со саканата личност е исто толку романтично. Но, кој филм да го изберете?

Ви ги претставуваме следните филмови во кои може да уживате.

1. Dating & New York

По вечерата за двајца, двајца милениумци од Њујорк, усогласени со апликации за запознавање, склучуваат договор „Најдобри пријатели со придобивки“ за да ги избегнат замките од нивните минати врски.


 2. To All the Boys: Always and Forever

Животот на Лара Џин се превртува наопаку кога нејзината помлада сестра ги испраќа тајните писма што ги пишувала до сите момчиња што ги сакала. Сепак, крајот на познатата трилогија на Нетфликс носи ново прашање - дали дипломирањето и потенцијално различните планови за факултет ќе ја растргнат толку саканата двојка?


 3. The Map Of Tiny Perfect Things

Ако барате лесен филм за викенд, не гледајте подалеку од овој за двајца тинејџери кои повторно го преживуваат истиот ден и одлучуваат да ја искористат можноста да ги наведат најдобрите работи што се случуваат тој ден - додека еден од нив почнува да се обидува да најде излез од оваа замка на времето. Како што поминуваат се повеќе време заедно, тие неизбежно се заљубуваат еден во друг.


4. Malcolm & Marie

Интимната црно-бела приказна и вистинскиот ролеркостер на филм е првиот што е целосно замислен и снимен за време на пандемијата. Дејствието на филмот се случува една ноќ кога парот, чекајќи го прегледот на најновиот филм на Малколм од премиерата на кој штотуку се вратија, почнува да ја доведува во прашање целата нивна врска и се што поминале до тој момент, замерувајќи си меѓудругото за многу работи. Пејачката и актерка Зендаја беше наградена со Еми награда за нејзината улога во првата сезона од таа серија.


5. The Last Letter From Your Lover

Оваа возбудлива британска двојна романса која прескокнува во времето е апсолутно нешто што мора да се види. Следат две љубовни приказни, од два различни периоди - љубовен триаголник во текот на шеесетите и откривањето на писмата кои сведочеа за него на почетокот на 2000-тите. Репортерката Ели Хаворт има задача да напише некролог за уредникот на нејзиниот весник. Таа и архиварот на весникот се поврзуваат така што откриваат неколку љубовни писма од минатите години и успеваат да ги пронајдат испраќачите, кои се уште се живи, што ги поттикнува да напишат последно писмо еден на друг.


6. The Kissing Booth 3

Дали можат да истраат средношколските романси? Уште подобро, дали можат да издржат додека се со братот на вашата најдобра пријателка? Тоа е прашањето тестирано во последниот дел од The Kissing Booth, првично популарен роман на Wattpad.