Музејот посветен на Пабло Ескобар затворен за посетителите

Добивај вести на Viber

Властите во колумбискиот град Меделин во соработка со миграциските служби, вчера го затворија музејот посветен на Пабло Ескобар, еден од најголемите нарко-босови во историјата. Музејот ја немал потребната лиценца за работа, а бил менаџиран од Роберто Ескобар, брат на поранешниот шеф на картелот „Меделин".

- Не би сакал луѓето да доаѓаат во нашиот град, па и во нашата земја, за да му се воодушевуваат на криминалот. Уште помалку да се заработува од сето тоа - изјави градоначалникот Федерико Гутјерес Сулуага.

Музејот се наоѓаше во една од куќите на Ескобар. Во него се изложени неговиот мебел, лични предмети и автомобили. Туристите наводно плаќале околу 30 долари за влез иако Роберто Ескобартврди дека влезот не се наплаќал, туку посетителите давале „доброволни прилози“.

Пабло Ескобар, за кого се смета дека е одговорен за убиства на околу 6.000 луѓе, беше застрелан во 1993 година.