„Нè убиваше од ќотек, често се каравме“: Мајката на Џеј Ло често ги тепала, причината за тоа сите ги остави без збор

Во документарниот филм „Halftime“, Џенифер Лопез раскажа сè за комплицираниот однос со нејзината мајка Гвадалупе Лопез.

Во штотуку објавениот филм, Џеј Ло се присети дека нејзината мајка „ја убивала од тепање“ се додека не побегнала од дома.



„Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Таа правеше што мора, и затоа е силна, но затоа е и груба. Нè тепаше, нè убиваше од тепање“, изјавила пејачката, на што нејзината мајка додава:

„Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека правев се имајќи ги предвид нивните најдобри интереси. Сакав да воспитам три девојки за да не зависат од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можаат подобро.Но, Џенифер беше најлоша, искрено, со неа ми беше најтешко“, изјави Лупе.

Лупе тврди дека ги тепала своите ќерки за да сфатат дека никогаш не смеат да зависат од мажите.

Пејачката раскажала и како на 18 години побегнала од дома бидејќи повеќе не можела да трпи таква однос.

И покрај ваквиот однос, Гвадалупе и дава на Џенифер огромен ветер во грбот низ животот, се разбира покрај нејзините близнаци и сегашниот партнер Бен Афлек.


Фото: Инстаграм/Screenshot