На 13 години се соблекуваше гола за да преживее: Најубавата италијанска дива на сите времиња има 66 години и изгледа неверојатно

Во вторник на 1 февруари во Италија беше отворен престижниот музички фестивал Санремо, кој ќе трае до 5 февруари, а во понеделникот учесниците и ѕвездите на сцената останаа во сенка на убавата Орнела Мути, која се најде во улога на водителка.

Орнела е една од најпознатите и најубавите европски актерки, а е една од дивите на италијанската кинематографија, рамо до рамо со Софија Лорен, Моника Вити, Силвана Мангано, Џиџи Лолобриџид...



66-годишната дама покажа дека годините не ѝ можат ништо, и дека старее достоинствено и стилски, а сепак ја задржува убавината и негуваниот изглед. Орнела најпрво се појави во прекрасен, гламурозен фустан во нежно златна боја со светки, во кој ја истакна својата витка фигура и сензуално деколте. 


 Прославената дива оваа креација ја комплетираше со салонки со штрас и впечатливи обетки, додека долгата бујна коса ја завиткала во холивудски локни. Малку подоцна Орнела се пресоблече, блескајќи во едноставен црн сатенски фустан со дискретни точки во иста боја.

Долгите нозе во оваа тоалета актерката ги истакна со длабок шлиц, но повторно изгледаше многу заводливо и нималку вулгарно.



Но, Орнела вложила многу труд за да изгледа вака добро во седмата деценија, а еднаш призна дека нејзините деца кога биле мали можеле да кажат: „Мама постојано е на диета“. Таа практикува многу внимателна исхрана, која вклучува многу овошје и зеленчук, со многу малку сол, јаглехидрати и рафиниран шеќер. Открила и дека ги сака зачините, особено куркумата поради нејзиното антивоспалително дејство. Убавата Италијанка е и физички активна, а најмногу сака да вежба јога.

Орнела во една прилика истакна дека темпераментот и спонтаноста го наследила од нејзиниот татко, кој е роден во Неапол, а својот шарм и убавина ѝ го должи на мајка си, која има руски корени.

Инаку, вистинското име на Орнела е Франческа Ривела, а има и сестра близначка Клаудија. Девојчињата останале сами со мајка си на само 10 години, во тој период татко им починал, а семејството едвај врзувало крај со крај. Веќе на 13 години Орнела станала многу привлечна и изгледала неколку години постаро, адут што го искористила за лесно да заработи - почнала да позира гола во уметничкото училиште, без знаење на нејзината мајка. Набрзо почнала да позира за машки списанија, а провокативните фотографии ги виделе сите - дури и нејзиното семејство и наставниците, што за малку ќе резултирало со исфрлање од училиште.

Веќе на 14-годишна возраст, нејзиниот живот радикално се променил. Клаудија била на аудиција за филмот на режисерот Демијан Дамијани „Најубавата сопруга“, но главната улога ја добила Франческа, која била таму само за да им прави друштво на својата близначка. Токму Дамијано предложил Франческа Ривела да стане Орнела Мути. После тоа, најмногу глумела во нискобуџетни филмови со еротски сцени, а пресвртница во нејзината кариера е филмот „La Derniere femme“ од 1976 година, кога веќе ја нарекуваа новата Софија Лорен и Џиџи Лолобриџид.

Италијанската дива имаше два брака, првиот со Алеси Оран, исто така многу познат актер, а парот помина пет години заедно пред разводот. Набргу потоа утеха нашла во прегратките на бизнисменот Федерико Факинети, со кој имала две деца - ќерката Каролина и синот Андреа. Инаку, Орнела ја има и ќерката Наике, која ја доби на 19 години, но јавноста никогаш не дозна кој и е татко.

Факинети и Орнела беа заедно 17 години, пред да го прекинат бракот во 1996 година. Таа уживаше во уште една голема љубов - онаа со 10 години помладиот француски претприемач Фабрис Кереве, а парот беше заедно 12 години, до 2020 година, кога пандемија ја реши нивната врска, односно физичка дистанца. „Толку се сакаме, но ретко се гледаме“, рече Мути.


Фото: Инстаграм