На бебето не му се чекало, мајката се породи за 5 минути: Фотограф сними итно породување во болничкиот ходник (ВИДЕО)

Малиот Максвел Александар едвај дочекал да дојде на овој свет. Всушност, неговата мајка, Џес Хоган, едвај стигнала до собата за итни случаи во Виа Кристи Хелт во Менхетен, Канзас, 24 јули 2017 година, пред Максвел да се роди во ходникот.

„Едвај поминавме низ вратата. Му кажав на Тревис дека бебето доаѓа и дека мора да го фати“, рече Хоган во приказна објавена на Love What Matters.

„Погледна и сфати дека сум во право. Ја почувствував главата на детето на мојата рака, а Тревис веднаш подаде рака“.

Таа продолжи: „Се напнав само уште еднаш, а моето тело правеше сè друго. А бебето беше таму, на средината на болничкиот под“.

На оваа мајка и биле потребни само 5 минути да се породи во болница. Максвел е шестото дете и прво момче на Џеси. Фотографот на „Little Leapling“ успеа да го сними целото раѓање на Максвел и составена е видео компилација која го прикажува самото раѓањето од почеток до крај.

„Неописливо е прекрасно да се може повторно да се погледне сето тоа без нејасни сеќавања за тоа што се случило, но можев да видам сè точно како што се случи“, вели пресреќната мајка. „Тоа беше нешто прекрасно и нешто што ќе остане во моето срце до крајот на животот“.

Џес го опиша Џеф како прекрасен татко и сопруг и рече дека не би можела без него да го направи тоа.

Експлицитното видео од породувањето можете да го погледнете подолу.