На погребот на својот сопруг почнала да чувствува дека нешто не е во ред: Лекарите ја оставиле во шок

На погребот на нејзиниот сопруг жената почнала да чувствува дека нешто не е во ред, но набрзо лекарите и откриле за што се работи.

Сродна душа наоѓате само еднаш во животот. Откако ќе ја пронајдете таа посебна друга половина, целиот ваш живот се менува. Тој момент ја прави љубовта толку силна.

Кортни Хил најде сродна душа за време на снежна бура во 2011 година. Таа и Брајан се вљубиле веднаш штом се запознале, а од тој ден станале неразделни. Не долго потоа, тие се венчале и откриле дека бајковитата романса што ја чувствуваат е премногу добра за да биде вистинита.

Парот решил да го прошири семејството со ќерката Реџин, а по неа решиле да добијат уште едно дете. Но, пред да се случи нешто од тоа, светот на Кортни се превртел наопаку.

На 2 февруари 2016 година, сопругот Брајан загинал во сообраќајна несреќа. Целиот живот и се влошил, а поради ќерката морала да собере сила да продолжи понатаму.

За време на погребот на Брајан, Кортни одеднаш почнала да чувствува чудна мачнина. Била депресивна поради губењето на сопругот, но тоа било од сосема поинаква причина. Таа направила тест за бременост за да види што се случува. Се испостави дека е бремена!

Како што одминувало времето, Кортни почнала да се чувствува лошо и ја губела силата, па отишла на лекар од страв да не го изгуби детето поради загубата на сопругот.

Таа не очекувала да слушне дека детето е добро, како и другите две. Кортни цело време носела тројка!

Мајката на четири деца со нетрпение го очекува доаѓањето на три мали ангелчиња во нејзиниот живот, особено бидеќи ќе ја потсетуваат на нејзиниот сопруг Брајан. Тие ќе бидат траен потсетник за љубовта што таа и нејзиниот сопруг ја имале.