На Шкорпиите им доаѓаат пари, Јарците се во љубовен конфликт, Раковите ги чека важна средба: Дневен хороскоп за 30 август

Добивај вести на Viber

Ѕвездите имаат планови за вас..

Овен

Денешниот ден ќе биде многу интересен бидејќи ќе дознаете неколку интересни информации кои можат да ви бидат од помош во врска со работните и деловните ситуации во наредниот период. Грижете се за вашето здравје и внимавајте малку повеќе како се храните, бидејќи ви треба енергија за следниот период.

Бик

До крајот на неделата зависи од вас како ќе се одвиваат работите меѓу вас и членовите на вашето семејство. Марс во Близнаци ви носи можност за заработка преку луѓе со кои сте емотивно блиски и кои можат да ви бидат голема финансиска поддршка во следните десет дена.

Близнаци

Обидете се да заборавите на минатото особено кога станува збор за партнерските аспекти од врската бидејќи вашиот партнер веќе некое време го менува расположението и ве прави нервозни. Свртете се кон сегашниот момент и обидете се да ги решите работите преку разговор и компромис.

Рак

До крајот на денот ќе имате многу важен состанок или телефонски разговор со личност под знакот Девица која сака да започне нов деловен проект со вас. Емоционалната ситуација е стабилна бидејќи успеавте партнерскиот однос да го доведете до добра и стабилна квалитетна врска.

Лав

Вашата животна енергија може да се активира на неколку начини, но од вас зависи во која насока ќе се движат работите. Погрижете се се‘ што правите да биде направено најдобро што можете, бидејќи она што ве очекува во следните неколку месеци зависи од вашите моментални деловни потези.

Девица

Вашата ситуација е многу комплицирана кога станува збор за се‘ што се случува со вашиот круг на пријатели. Пазете се од ненадејни непромислени одлуки на кои можеби сте склони бидејќи вашиот партнер лесно може да ве изнервира во текот на денешниот ден.


Следна страна