Најбизарните диети на познатите: Едната јадела само коцки мраз, другата се хранела со сончева енергија

Овие славни дами се подготвени на сè за да имаат идеална линија.

Тие се постојано изложени на јавноста, а притисокот што го трпат е голем. Од нив се очекува да изгледаат совршено во секое време. Затоа овие дами прибегнуваат кон некои сосема бизарни методи на слабеење, кој веруваме дека никој не би требало да ги применува. Еве за што станува збор:

Рене Зелвегер - диета со коцки мраз

Бидејќи требаше да се здебели многу за потребите на улогата на Бриџит Џонс, оваа светски признаена и наградувана актерка реши да ја намали својата тежина со ригорозна диета што вклучува само консумирање коцки мраз. Со оваа диета, целосно откажување од храна, актерката ги изгуби сите вишок килограми.

фото:PROFIMEDIA

Џенифер Лопез - масло од грејпфрут

Истражувањата покажаа дека маслото од грејпфрут содржи ароми што можат да го намалат апетитот. Џенифер Лопез е една од славните кои секогаш во чантата имаат масло од грејпфрут. Изворите тврдат дека Џенифер го „вдишува“ три пати на ден по 15 минути, со цел да го потисне апетитот.

фото:PROFIMEDIA

Мишел Фајфер - диета со дишење

Оваа многу опасна диета се практикува како дел од култот чии корисници веруваат дека преку процесот на медитација човек може да живее само од воздух и сонце. Мишел Фајфер призна дека била дел од овој култ на почетокот на нејзината кариера и дека овој метод го применила како диета која се залага за дишење и сонце наместо храна.

фото:PROFIMEDIA

Ферџи - јаболков оцет

Иако нема ригорозен план на исхрана како и останатите ѕвезди, пејачката смета дека јаболков оцет, од кој зема две лажици на ден, е корисен за нејзината витка линија. Како што и самата призна, таа, исто како и Мишел Фајфер, се придржувала на хранење со сончева енергија некое време.

фото:PROFIMEDIA

Никол Кидман

Додека ја снимаше Студената планина, Никол Кидман беше на диета со тврдо варени јајца. Оваа диета не е премногу комплицирана - но ни здрава: таа јадеше едно варено јајце наутро и две до три навечер.

фото:PROFIMEDIA

Кејти Холмс

Кејти Холмс своевремено реши да изгуби тежина јадејќи супа од морков за појадок и сурова брокула за ручек и вечера - прилично ригорозно.

фото:PROFIMEDIA

извор:stil.kurir.rs