Најдобрите модни парчиња на македонски дизајнери кои ја одбележаа 2022 година: Уникатност и прецизна идеја
За македонската мода имаме многу да зборуваме, но нема да собере сѐ во малку редови. Вредно е да се напомене дека сепак ја имаме во некава зачаурена форма и во рамките на можностите (сиромашна земја, сиромашна мода- чест на исклучоци) но ни од далеку не можеме да зборуваме за континуитет, врвна изработка, уникатна идеја и реализација.
Имавме одредени изблици и наплив на креативност, но недоволно за Македонија да ја има на светската, европаската и балканската сцена. Сепак, одредени личности кои ги носеа креациите на наши дизајнери низ светот оставија некаков белег. А, одредени личности овде со облека од мк. креатори, создадоа своевиден тренд. Поединечни парчиња од колекциите или пак специјаните изработки за одреден настан, настап или пак официјална средба навистина допреа до многумина, беа инспирација и оставија трага. Па, да видиме кои се дизајнерските парчиња носени во 2022 година за кои велиме БРАВО:
Топ моделот Катарина Ивановска на фотосесија од колекцијата на дизајнерот Игор Марков носеше светкаво сако во диско фазон. Креацијата набрзо стана многу барана, па истата ја искористи и поп дивата Каролина Гочева во нејзиниот најнов спот за песната „Од небо, до дно“.
Каролина исто така брилираше со креација на дизајнерката Јована Филиповиќ. Се работи за црн долг припиен фустан со впечатливо сечење во половина кое создава моќен запазувачки ефект.
Истата дизајнерка ја облече и пејачката Елена Ристеска за настап во Црна Гора. Елекот од летната колекција ги собра сите пофални зборови, а често беше и копиран. Покрај автентичниот дизајн, вниманието го привлекува и насликаната апликација.
На светска премиера во Токио на филомот „Кајмак“ од режисерот Милчо Манчевски, талентиранта актерка Сара Климовска носеше креација од мк. брендот „Алма“. Фустанот е како создаден од стакло, што било и главна инспирација.
Водителката Лила Филиповска имаше навистина впечатливи изданија оваа година, но како фаворит го издвојуваме фантастичниот розов фустан на модната куќа „Елена Лука“ кој беше специјално изработен за неа. Покрај бојата и кројот, интересни се и ракавите, во горниот дел ситно плисирани.
Тамара Тодевска последниве години изгледа беспрекорно, но и бира како ќе се облече. Покрај неколкуте нејзини топ изданија оваа година, се издвои токму оваа креација, повторно на дизанерот Игор Марков. Мало ремек- дело.
Првата дама Елизабета Ѓоргиевска на официјаниот прием кај Шпанскиот крал носеше креација од дизајнерот Никола Ефтимов- специјано изработена за неа. Целосно од црвена свила, Бети дури изгледаше и класа погоре од кралицата Летиција која е синоним за модна икона во светот.
Младата пејачка Анотниа Гиговска со оваа модна комбинација направи целосен хаос на социјаните мрежи. Многумина ја осудуваа за изгледот, ама по некое време се забележа по дискотеките и кафулињата дека повеќето на овој начин ги носат чорапите- таканаречени доколенки.
Не можеме да го изоставиме и дизајнерот Златко Јовановски кој ја облече српската музичка дива Јелена Карлеуша. За неа по втор пат изработи креација, а оваа е мноооогу блескава и се разбира- покажува голотија. Креацијата создаде многу позитивни коментари на Инстаграм, а и самата Карлеуша изјави дека е презадоволна и дека фустанот е по светски терк.
Небојша Толески
Фто. Инстаграм