Најмногу пари трошат на сценски костими: Сакаат да изгледаат како светските ѕвезди, а едно појавување во јавноста ги чини и по 15.000 евра

За да заработат повеќе, се трудат секој јавен настап да им биде поинаков, без разлика дали имаат настап во клуб или прават големи концерти...

Музиката денес повеќе не е само слушање, туку е и гледање. Затоа бројни пејачки сакаат на своите настапи да изведуваат разни перформанси, во костими кои не се воопшто удобни. Светските ѕвезди се многу напред во тоа, но ни балканските пејачки, особено оние од Србија кои не заостануваат многу за нив. 

Цените на овие костими воопшто не се ниски. Во зависност од тоа дали ќе го пресметаме целиот изглед - шминка, нокти, коса, накит и самиот костим, цената која ја издвојуваат се движи од најмалку 4.000 евра па дури до 15.000 евра.

Лепа Брена

Освен на настапите кои ги одржува ширум светот, Лепа Брена имаше и неколку спектакуларни концерти, како во белградската Арена, така и ширум регионот. За сите нив имаше костими, се пресоблекуваше неколку пати, па дури носеше и перики и различна шминка.

Наташа Беквалац

Среќата која ја има Наташа, ја нема ниту една пејачка на естрадата. Веќе неколку години наназад, таа не мора да размислува за костимите кои ќе ги носи на сцена, ниту како ќе изгледа, бидејќи за тоа води сметка нејзината сестра Кристина, која е моден дизајнер. Каде и да настапува, Беквалац воодушевува со својата појава, без разлика дали ќе се појави во трико, комбинезон, долго опавче или собрана коса.

Јелена Карлеуша

Некој кој навистина е пред сите, кога се сценските костими во прашање е Јелена Карлеуша. Таа неколку пати на социјалните мрежи покажа дека добивала модринки, а и дека ѝ течело и крв, само за да изгледа заводливо на сцената. Сме ја виделе во разни модни комбинации, на чевли со вртоглаво високи потпетици, речиси гола, но и во огромни фустани.

Јелена некогаш соработува со разни дизајнери, а често и сама си ги купува модните парчиња. Така за концертот за дочекот на 2022 година пред Општината во Белград, потроши околу 60.000 евра за сите сценски костими.

Северина

Како и нејзините колешки од Србија, Северина исто така не ги жали парите за на сцената да изгледа светски. За настапите пред помал број публика одбира нешто посмирени комбинации, но кога се во прашање големите концерти, од неа сме виделе сешто - трико со реси, круна на глава, фустани што се влечат по неколку метри, но се има појавено и како менаџер на циркус.

Сара Јо

Без разлика дали станува збор за видео записи или јавни настапи, Сара Јо во последно време со изгледот навистина привлекува големо внимание. Кожените костими, ланците, трикоата, високите потпетици се модните парчиња во кои ја гледаме пејачката во последните месеци.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)


фото: Принтскрин / Инстаграм