Најпознатите дами на светот не се плашат да го покажат лицето без шминка: Тие се пример за младите девојки (ФОТО)
Им даваат пример и голема поддршка на младите девојки да се прифатат себеси и своето лице такви какви што се!
Од нив се очекува секогаш да изгледаат беспрекорно - без брчки, акни, вишок килограми, целулит, седа коса! А, всушност, многумина забораваат дека се обични жени како секоја од нас. И тие се соочуваат со истите проблеми, кои не се најдобри пријатели на женската убавина.
Навикнати сме да ги гледаме како блескаат на црвениот тепих или на насловните страници на списанијата со совршена шминка која ги истакнува нивните атрибути и ја крие (секоја) несовршеност. Но и покрај тоа, тие гордо го покажуваат своето лице без трошка шминка, бидејќи природно е најубаво, нели?!
Овие постапки ги поттикнуваат особено младите девојки да се сакаат себеси со сите свои несовршености, бидејќи баш затоа се единствени.
Која според вас е најубава дама од светската јавна сцена во сосема природно издание?
Џенифер Лопез
Викторија Бекам
Ким Кардашиjан
Селена Гомез
Ријана
Бијонсе
Бела Хадид
Селма Хајек
Џесика Алба