Најреткиот и најопасен облик на рак: Симптомите се скоро незабележливи, а молскавично го уништува организмот

Добивај вести на Viber

Малку е познато за оваа опасна болест

Срцевиот сарком (тумор на срцето) е една од најретките форми на рак. Ракот на срцето е најретката форма на рак, но и најопасна. Оваа болест професионално се нарекува миокарден ангиосарком.

Дијагнозата на оваа болест се поставува врз основа на анамнеза, преглед, ЕКГ, радиографија на срце и бели дробови, ултразвук и ангиокардиографија.

- Кога се развиваат тумори во срцето, тоа најчесто е резултат на генетска мутација, бидејќи срцето не е вообичаено место за развој на рак, пред се поради составот на овој орган - објаснува д-р Скот Шуце, раководител на онкологија на Универзитетот во Мичиген.

Ракот на срцето е многу ретка појава. Студијата која следеше по обдукцијата на 12.000 луѓе покажа дека само седум луѓе имале примарен малигнен карцином на срцето.

Третманот е хируршки. Поради можност за посериозни компликации и ненадејна смрт операцијата не треба да се одложува. Третманот на секундарните тумори е првенствено симптоматски. Кај туморите со бавно растење, се прибегнува кон хируршко отстранување на метастази опасни по живот.

Ако телото почне да го развива овој тип на рак, се јавуваат следниве симптоми:

-Отекување на стапалата

-Оток на зглобовите

-Абдоминален оток

-Замор и исцрпеност

-Болка во градите

-Скратен здив

-Палпитации на срцето