Најскапите филмови на сите времиња: Некои доживеаја фијаско, а фамозниот Титаник е на 10-то место

Добивај вести на Viber

Холивудската продукција и понатаму е број еден во светот и сигурно уште долго ќе биде. Вложувањата се големи, но се очекува и заработка од исти размери, додека модерната технологија овозможува да се пренесе на платно сето она што режисерот ќе го замисли.

Иако најчесто е најважна самата тематика на филмот, како и актерите кои глумат, на љубителите на филмот во последните години еднакво им е важно и продукцијата да биде на високо ниво, доколку станува збор за таков вид на филм или тема.

Истата желба ја имаат и режисерите, кои меѓусебно се натпреваруваат, но ги поместуваат и личните граници. Сосема е јасно дека некој романтичен филм не мора да делува „скапо“, бидејќи неговата содржина не го бара тоа, но спротивното се очекува од научно - фантастичните филмови, анимираните, акционите итн.

Ова е листата на 10 филмски остварувања чии буџети биле огромни, а на оние кои достигнаа голема популарност им се исплатеше големото вложување.

1. Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011) е филм кој го режираше Роб Маршал, а во кој се вложени дури 397 милиони долари. Проценето е дека за овој ангажман, Џони Деп бил платен околу 55 милиони американски долари. Инаку ова е четвртиот дел од серијалот за авантурите на капетанот Џек Спероу и неговата дружина.

2. Waterworld од 1995 година го режираше Кевин Рејнолдс, а трошоците на продукцијата изнесуваа 271 милион долари. Во главната улога е Кевин Костнер, кој бил и продуцент. Станува збор за научно - фантастичен филм, кој на ранг листата на IMDB не помина најдобро и оценката му е 6,2.

3. John Carter (2012) е исто така научно - фантастичен филм во кој се вложени 263 милиони долари, а зад режијата се потпишува Ендру Стантон. Инаку, овој филм не се прослави, па така „Дизни“ доживеа голем губиток поради тоа - беше во минус 200 милиони долари, па филмот доби епитет „промашување на сите времења“.

4. Tangled е американски 3Д анимиран мјузикл од 2010 година, кој го режираа Нејтан Грено и Бајрон Ховард. Трошоците на продукцијата изнесуваа 260 милиони долари, пред сѐ поради тоа што долго се работело на проектот - цели 10 години, за приказната да биде квалитетно обработена.

5. Spider-Man 3 (2007) го режираше легендарниот Сем Рејми, а во филмот се вложени 258 милиони долари. Сепак публиката ниту на овој, ниту на другиот серијал за човекот-пајак не реагираше најдобро, а трошоците на продукцијата биле сѐ поголеми, како поради одложувањето на снимањето, така и поради растењето на потребата франшизата да биде помпезна.

6. Avengers: Age of Ultron е остварување од 2015 година, на кое се потпишува Џон Видон. Во него се вложени 250 милиони долари, исто така и во уште неколку познати филмови: Harry Potter and the Half-Blood Prince, Batman v Superman: Dawn of Justice, потоа The Hobbit: The Battle of the Five Armies.

7. Spectre е филм од 2015 година, кој на оваа листа го зазема седмото место, бидејќи во него се вложени 245 милиони евра. Инаку, ова е 24 - тото продолжение за тајниот агент Џејмс Бонд, на продукциската куќа Eon Productions. Го режираше Сем Мендес, а главната улога му припадна на заводникот Даниел Крејг.

8. Avatar е филм од 2009 година, а го режирал Џејмс Камерон, кој на оваа листа се најде два пати. Во овој несекојдневен научно-фантастичен филм, кој низ фантазија ни ги открива убавините на различностите, се вложени 237 милиони долари, а главната женска улога и припадна на преубавата актерка Зои Салдани.

9. King Kong настана пред 15 години, како дело на Питер Џексон. Тоа е епски авантуристички филм со чудовишта, инаку втор римејк на истоимениот филм од далечната 1933 година. Во овој филм се вложени 207 милиони долари, а во главните улоги се Наоми Вотс, Џек Блек, Адриен Броди.

10. Titanic, култниот филм од 1997 година се најде на последното место на оваа престижна листа, а во него се вложени точно 200 милиони долари. Зад режијата се потпишува Џејмс Камерон, а главните улоги припаднале на актерите и пријателите од зад камерите - Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо.

Извор: biznis.telegraf.rs