Најтажната принцеза на светот ја нема во јавноста: Што се случува во бракот на Шарлин и Алберт од Монако?

Пред неколку дена пропушти настан важен за унапредување на спортскиот живот кај децата и младите, со што ги продлабочи сомневањата дека нешто и се случува.

Таа беше заменета од нејзиниот сопруг, принцот Алберт Втори и прими чек во износ од три илјади евра, што му го врачи главниот комесар за национално образование, млади и спорт за Монако. Парите се наменети за формирање рагби училиште во Еквадор.

Ова е второ појавување на Алберт на вакви настани без неговата сопруга, која никогаш не пропуштила такви настани.

Често се шпекулираше и пишуваше за тагата во која живее Шарлин, а се верува дека сето тоа е поради неверството на Алберт. Кога Шарлин се појави во јавност со избричена половина од главата, во декември минатата година, некои медиуми тоа го протолкуваа како бунт против нејзиниот сопруг.

Таа крена многу прашина во јавноста на денот на својата венчавка затоа што плачеше, а многумина не веруваа дека тоа се солзи радосници. Таа и Алберт го поминаа и својот меден месец одделно, во хотели оддалечени километри.

Пред нејзината врска и брак со синот на легендарната Грејс Кели, таа беше успешна пливачка. Принцот Алберт исто така се занимаваше со спорт во тоа време и беше лидер на тимот на Олимписки боб. Тие се запознаа на пливачки натпревар во Монако во 2000 година.

Шарлин е 20 години помлада од Алберт и знаеше за неговата репутација како плејбој, па првично го одби. Сфаќајќи дека нема да може да ја придобие, принцот продолжи како порано, дури се сврши со друга девојка, но таа свршувачка беше раскината.

Шарлин и тој повторно се сретнаа во Италија и тогаш започнаа врска. За неколку години, светските медиуми објавија дека среќната двојка ќе се венча во Монако, но она што се случи пред венчавката е тешко да се заборави и е прв знак за несреќа што го одбележа животот на Шарлин.

Непосредно пред венчавката, поранешната љубовница на Алберт ја извести јавноста дека со принцот има две вонбрачни деца. Шарлин сакала да го остави поради тоа и се шушкаше дека три пати се обидела да избега, но луѓето на Алберт и го одзедоа пасошот и не ја пуштија. Неговите портпароли го негираа тоа.

Од тој момент, принцезата Шарлин продолжи да живее во златен кафез од кој никогаш не успеа да излезе. Плачеше на нејзината венчавка, што подоцна го објасни како возбуда, иако фотографиите од церемонијата откриваат длабока тага.

Алберт и таа добија близнаци во 2014 година, и оттогаш нејзиното внимание беше целосно насочено кон децата. Кога ќе се појават некои нови фотографии, нејзиниот израз на лицето го изневерува доза тага за која никогаш немала можност да зборува јавно.

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Couturier (@royalcouturier)


Алберт ги негираше сите обвинувања за гласините и им се закануваше на медиумите со судски процеси, иако потврди дека тие престојувале во различни хотели на нивниот меден месец „од практични причини“.

Кога новинарите еднаш го прашаа кој е нејзиниот најголем квалитет, тој рече: „Сфатив дека е неверојатно отпорна“.

Извор: стил.курир.рс