Најзаводливото издание досега: Фустанот кој го носи Џенифер Лопез во новиот филм е креација на сопругата на Харис Џиновиќ
Посебен детаљ е плисираниот крој на задниот дел од фустанот, кој ги прикажува познатите облини на актерката во полн сјај
Џенифер Лопез има нов филм. „The Mother“ не остана незабележана, а оние кои го гледаа не можеа да не го забележат провокативниот фустан во кој се појавува актерката. Нејзиниот изглед е уште поинтересен поради тоа што дизајнот на креацијата го потпишува модниот бренд „Hamel“.
Џенифер Лопез редовно привлекува внимание со заводливите изданија, а не се откажува од предизвикувачкиот стил на облекување кој ги истакнува нејзините познати облини. На црвениот тепих, но и во филмовите таа редовно се појавува во огнени изданија, а на снимањето на нејзиниот најнов филм „The Mother“ Џенифер ја носеше можеби една од најзаводливите креации.
Имено, Џеј Ло неодамна привлече внимание кога се појави со својот сопруг Бен Афлек на премиерата на филмот „The Mother“ во кој 53-годишната Лопез ја толкува главната улога на мајка која оди на Алјаска да ја земе својата отуѓена ќерка. По тој повод парот прошета на црвениот тепих и отворено разменуваше нежности, а Џенифер Лопез го привлече вниманието со впечатлива комбинација која ја истакна нејзината завидна фигура.
Сепак, на гледачите на филмот им приреди вистинско изненадување - во една сцена од филмот каде танцува, Џенифер се појавува во фустан во кој никого не остава рамнодушен. Тесната креација која го гушка телото бескомпромисно ја истакнува нејзината фигура, а посебен детаљ е плисираниот крој на задната страна, кој ги покажува познатите облини на актерката во полн сјај.
Освен бомбастичниот изглед на Џенифер, фустанот е интересен и поради уште еден детаљ. Фустанот виден на Џеј Ло е потпишан од модниот бренд „Hamel“, дизајниран од Мелина Џиновиќ - сопругата на пејачот Харис Џиновиќ. Џеј Ло веќе ги носеше креациите на Мелина во неколку наврати на свечени настани и црвени теписи, од плаво-зелениот фустан со шлиц, тесни миди креации од праска, до бел фустан со шлиц.
Џенифер овој пат блесна во креација наречена „Chantal“ во боја на пудра, отворен грб, врзана околу вратот, длабок шлиц и опасно плисирана ткаенина одзади.
Сепак, креациите на Мелина Џиновиќ пронајдоа обожавателки кај многу други познати холивудски дами. Така, фустаните „Hamel“ гордо ги носеа Бритни Спирс, Џеси Џеј, Парис Хилтон, Памела Андерсон и Кејт Бекинсејл. А ниту Оливија Кулпо ниту Ева Мендез не можеа да им одолеат.
Инаку, пробивот на светската модна сцена на сопругата на познатиот пејач на фолк музика започна со претставувањето на колекциите на Модните недели во Мајами, а еден од првите познати клиенти на оваа дизајнерка со адреса во Белград беше холивудската дива Шерон Стоун.
ФОТО: Инстаграм