Наоми Кембел конечно ја покажа пораснатата ќеркичка која ја доби на 50 години: „Ова се нејзините први чекори“

Наоми Кембел објави ретки фотографии од својата ќерка која во мај наполни една годинка.

Мега популарната мајка откри дека малото девојче ги направило првите чекори.

„Мојата љубов, моето срцебиење и нејзините први чекори“, напиша манекенката во описот на објавените фотографии на кои нејзината ќерка ја држи за рака.

View this post on Instagram

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


Кембел не го покажува често своето дете. На почетокот на оваа година таа позираше со девојчето за британското издание на магазинот „Вог“. Таа по тој повод проговори за зачнувањето дете и мајчинството.

"Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаат тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило", изјави Наоми за Vogue.

View this post on Instagram

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


Имено, откако минатата година манекенката објави дека станала мајка, многумина се изненадија. Претходно таа не навести дека чека бебе, ниту пак се знае дали е во врска.

Се шпекулираше и дека ќерката на Наоми е родена од сурогат мајка, пишува The Sun. Но, славната манекенка тоа никогаш не го потврди ниту го откри идентитетот на нејзиниот татко.

Не е посвоена, мое дете е: Наоми Кембел за првпат ја покажа ќерката која ја доби на 50 години, и тоа на насловна на „ВОГ“