Не е посвоена, мое дете е: Наоми Кембел за првпат ја покажа ќерката која ја доби на 50 години, и тоа на насловна на „ВОГ“

фото:instagram

Наоми Кембел и нејзината деветмесечна ќеркичка блеснаа за мартовското изданије на насловна страна на „ВОГ“

Супермоделот Наоми Кембел (51) со својата ќерка ја краси новата насловна страница на британскиот магазин „Вог“, а во големото интервју отворено проговори за мајчинството.

-Не е посвоена, таа е мое дете - јасно кажа манекенката која откри дека ги чува сите детали за својата книга која допрва треба да почне да ја пишува. Наоми решила името на ќерка си да го држи во тајност, а откри дека луѓето генерално знаеле дека таа планира да стане мајка.

- Од една страна можам да избројам колку луѓе знаеја дека имам ќерка. Но, таа е најголемиот благослов што некогаш сум можелa да го замислам. Таа е најдоброто нешто што сум го направила – вели гордата мајка.


- Имам среќа што моето малечко сака да патува како мене. Нема плачење при полетување или слетување. Таа е многу добро бебе. Таа спие многу добро, едвај плаче и ми рекоа дека е многу жива за нејзините години. Многу се смее и веќе речиси зборува. Мислам дека можеше да оди пред да ползи и веќе има шест заби – открива Наоми.

Наоми објави дека станала мајка на Инстаграм во мај 2021 година, објавувајќи фотографија од малите стапала на нејзината наследничка како ги држи во раце, а деталите за нејзиното раѓање не се познати.

- Отсекогаш знаев дека еден ден ќе станам мајка, но тоа е најголемата радост што можев да ја замислам. Среќна сум што ја имам  – изјави манекенката која истакнува дека не и пречи мајчинството во 50-те години и ги охрабрува повозрасните да имаат деца.

- На сите им велам, направете го тоа! Не двоумете се!- изјави манекенката.


Ќерката на манекенката оди секаде со неа. Тие го поминаа Божиќ на југот на Франција со своето семејство, а потоа заминаа за Катар за новогодишната ноќ, а потоа за Лондон на неколку часа, пред да заминат за Лос Анџелес на неколку дена и понатаму во Париз, каде што Наоми присуствуваше како гостин на последната машка ревија на покојниот Вирџил Абло за „Луј Витон“.

Наоми откри дека ужива и моментално живее низ очите на својата ќерка и дека се' ја враќа во детството.

- Повторно сум како дете. Ги оживувам детските песни, играм и откривам колку одлични нови играчки има во светот! И кукли! Работи за кои не можев ни да сонувам. Се разбира, таа има многу убава гардероба благодарение на толку многу дизајнери и пријатели кои и испраќаат убави работи, но леле, децата брзо растат, нели? – рече Наоми и откри кое е нејзиното најголемо изненадување откако стана мајка.

- Ќерка ми е на прво место. Сè што правам, правам за неа и тоа е тоа. Толку е целосно несебично, нели?- рече Наоми и на прашањето дали сака да има уште деца, таа одговори:

- Зошто да не?


извор:srbijadanas.com