Голем е денот

Добивај вести на Viber

Голем е секој ден 

Во кој жив зачекоруваш

И го вдишуваш гладно воздухот

Како никојпат дотогаш

Како да не било исто

За само едно деноноќие

И во главата несвесно 

Молитва си везеш како монистра

До Бога, до Универзумот, 

До нешто или до некого

Како благодарност дека тука си

Дека уште тука, на овој свет си

И дека имаш можност

Сите грешки од вчера

Да не ги повториш утре

И сите желби неостварени вчера

Да ги оствариш утре

Та среќен си и мирен во душата

Дека сета премолчена љубов вчера

Ќе ја изустиш простум утре

И дека за секој грев сторен вчера

Прошка ќе побараш утре

Секој ден голем е ако чоек си 

Ако знаеш срце да си отвориш

И во него јад да не чуваш

Ами само топлина и медовина

Чунки она си што срцето ти е

Секој...

Секој ден голем е

Ама има денови поголеми од сите други

Во кои се свестуваш оти минлив си

И оти не ќе бидеш вечно тука

Денови во кои се’ станува толку јасно

Како да си го гледаш животот озгора

И тогаш знаеш...

Тогаш како да се будиш од сон-кошмар

И зад себе оставаш суета

Оставаш се’ што товар ти било 

И однатре и однадвор се чистиш

Та си велиш добро е

Ете, на овој ден научив нешто за себе

Секој ден голем е

Во кој уште имаш прилика да љубиш

И во кој уште има некој да те прегрне

Ама има денови 

Кои поголеми од другите се

Во кои учиш себе да се љубиш

За да знаеш

За да умееш

И ближниот свој да го сакаш