Наоми Кембел стана мајка за прв пат на 50 години: Шок за јавноста

Добивај вести на Viber

Фото: PA Media

Британската манекенка и супер модел Наоми Кембел  ги изненади корисниците на Интернет, пишувајќи на социјалните мрежи дека го родила своето прво дете, девојче.

„Едно прекрасно мало чудо ме одбра да му бидам мајка. Чест ми е што имам толку слатка душа во мојот живот", напиша манекенката на Инстаграм и објави фотографија од бебето.

Наоми Кембел, која наскоро ќе наполни 51 година и живее во Њујорк, не го откри името на бебето, датумот или местото на раѓање на девојчето.

Манекенката претходно спомена дека би сакала да има дете, изјавувајќи дека со напредокот на науката може да го постигне тоа кога сака.


Наоми Кембел се прослави во 90-тите години, а во тоа време таа беше меѓу првите црни топ модели со светска слава.


Можеби ќе ве интересира:

Јаде само еднаш дневно и тоа не било што: Изгледот кој го има на 50 години Наоми Кембел му го должи на суровиот режим на исхрана