Напорниот тренинг на Дара Бубамара вроди плод: Ја доведе линијата до совршенство

насловна фотографија: Marko Jovanović

Тренингот на Даре Бубамара ги „збудали“ социјалните мрежи

Дара Бубамара не крие дека се чувствува одлично во својата кожа. Емоционално е исполнета, како со работа така и семејството и новото момче, а фактот дека успеа да ослабе ја зајакна нејзината самодоверба.

Сепак, тоа не дојде само по себе, пејачката мораше да даде се’ од себе да ја доведе линијата до совршенство.Тренингот на Дара Бубамара не е воопшто наивен, но резултатите се многу видливи.

- Пијам некои шејкови, малку овошје, јадам од сè по малку. И кога порачувам јадење или кога јадам слатки, сето тоа е два или три залака. И тоа е таман. Верувај ми. Затоа ослабев - изјави неодамна пејачката, а сега покажа и дел од нејзиниот напорен тренинг.

- Едвај чекам да ме видите кога сето ова ќе заврши. Напорно работам на себе и вежбам, ќе ве изненадам кога првпат ќе се појавам! Секако со нови хитови - и дотогаш, внимавајте да останете живи и здрави - рече Дара со видео од салата.


Тој е 21 година помлад од неа: Дара Бубамара на одмор со поранешното момче на познатата водителка