Направил ли подврзување на желудник: Боки 13 повторно во болница

Поранешниот шоумен и првоосомничен во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски, со болки во желудникот е примен на Клиниката за торакална хирургија, потврдија од здравствената установа.

Алсат, пак, пренесе дека популарниот Боки 13 е хоспитализиран е на одделението за торакална и васкуларна хирургија, откако се пожалил на силни болки во градите.

Ова е трет пат како Јовановски од притвор се носи на клиника. Дополнително ќе биде соопштено дали ќе биде задржан на лекување.

Специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева, пред неполни два месеца беше топ-тема во медиумите и со нејзиниот животен стил, откако повеќе портали објавија дека направила операција за слабеење со вградување прстен за подврзување на желудникот. Наводно оваа хируршка интервенција веќе ја има направено и контроверзниот шоумен и менаџер Боки 13.