Наши инфлуенсерки во костими за капење кои ќе се тренд летово: Кој модел и да го одберете, ќе бидете забележани на плажа

Добивај вести на Viber

Пред официјалното започнување на летото, споделуваме со вас неколку модели на костими за капење кои ќе бидат „must have“ облека за на плажа.

Од дводелни парчиња кои ја истакнуваат фигурата и пред се‘ бистата, до едноделни костими кои го покриваат недостатокот, а го истакнуваат она кое треба да се истакне.

Ангела Василевска е наша инфлуенсерка и манекенка која редовно споделува фотки од нејзини модни комбинации, а овој пат сподели модел на костим за капење кој сезонава ќе биде тренд број еден.

Станува збор за еднобојно бикини со кое ќе се истакнете на плажа и кој ќе ви овозможи да заблескате.


Миа Костова, неодамна од своето патување на Малдиви објави интересен модел на костим за капење, кој е идеален за дами кои сакат да го прикријат стомакот, а да го истакнат деколтето.

Високиот струк на долниот дел од бикините е одличен за прикривање на вишокот, а горниот дел од бикините е топ за истакнување на градите. 


За интересен едноделен костим за капење се одлучила инфлуенсерката и манекенка Ангела Георгиев, која својата фигура ја истакна во црно бел едноделен костим за капење кој одговара на секоја фигура. 


Модната блогерка и инфлуенсерка Ксенија Деспотоска пак се одлучила за малку по смела варијанта, на дводелно бикини со врвки. Модел кој е совршен за дами со извајна фигура.


Фото: Инстаграм

Фото наслова: Женски магазин - архива - Инстаграм - стори - printscreen