НАСКОРО УШТЕ ЕДЕН ЦЕНОВЕН ШОК - Ќе доживеме ли струен удар од новите цени?

Поскапувањето на струјата според енергетичарите е неминовно, иако точни проекции колку ќе се зголеми цената не сакаат да даваат, велат дека истото нема да биде превисоко за да не биде голем удар врз граѓаните. Надлежните во следниве денови треба да донесат одлука за новите цени на електричната енергија, а во меѓувреме енергетските компании ги доставуваат своите пресметки за тоа колку треба да изнесува растот на цените.

- Цената на струјата очекувано ќе поскапи, но да се каже колку е тешко. Не очекувам дека поскапувањето ќе биде големо, бидејќи не смее да се направи преголем притисок или товар врз граѓаните. Мора да се внимава и на теретот кој можат да го поднесат потрошувачите со зголемувањето на цената – вели универзитетскиот професор Антон Чаушевски.

Чаушевски за „Фактор“ објаснува дека воведувањето на блокови за потрошувачите може да придонесе за помала потрошувачка на енергија, и потенцира дека поголем дел од земјите во околината веќе вовеле блокови, или пак се во план да ги воведат.

Детали читјате на Фактор тука.