Наташа ослабела дури 40 кг за 8 месеци: Открива што е клучно на почеток, ја следат 2 милиони луѓе

Добивај вести на Viber

Таа уживала во храната без да размислува за последиците по нејзиното здравје или изглед. Додека килограмите се трупаа а движењето се намалило

Наташа Мохан, 32-годишна од Делхи, не ѝ била непозната на предизвиците кои произлегуваат од борбата со вишокот килограми. Како и многумина, таа уживала во храната без да размислува за последиците по нејзиното здравје или изглед. Како што килограмите се натрупуваа а мобилноста се намалувала, Наташа почнала да се соочува не само со физички, туку и со емоционални предизвици. Сфаќањето дека боледува од полицистични јајници и поврзани здравствени проблеми стана пресвртница во нејзиниот живот. 

Таа сфатила дека е време да ја преземе контролата над своето тело и живот.

Децата ја нарекувале „дебела“, а тежината на тој збор Наташа ја чувствувала на секој чекор. Но, наместо да дозволи тоа да ја обесхрабри, таа решила храбро и одлучно да се соочи со своите предизвици. По осум месеци посветена работа, Наташа постигнала импресивен успех. Таа од 101 килограм паднала на 52 килограми. Меѓутоа, Наташа не само што ги изгубила килограмите, туку нашла и нова цел.

Деновиве Наташа не застана. 



Со 58 килограми сега таа е посветена на одржување на своето здравје и инспирација на другите. Вежбањето стана нејзин сојузник, а зумбата и јогата се нејзините омилени начини на изразување. Но, Наташа не заборави ниту на здравата исхрана. Како искусен диететичар, таа го споделува своето знаење и искуства со другите, мотивирајќи ги да преземат чекори кон поздрав живот.

Нејзината приказна за трансформација не завршува само на лично ниво. На нејзиниот YouTube канал ја следат повеќе од 2 милиони луѓе, додека Наташа редовно споделува вежби за зајакнување и слабеење. 

Нејзината посветеност и борба инспирира многумина, бидејќи Наташа продолжува да ја споделува својата приказна и совети за да ги мотивира другите да преземат чекори кон поздрав и посреќен живот.


ФОТО: Printscreen/Instagram