Научниците предупредуваат на нов вид на ковид со многу мутации: ЕУ ги забранува летовите од Јужна Африка

Добивај вести на Viber

Расте загриженоста за новиот вид на корона вирус. Научниците открија драстично мутирана верзија, нагласувајќи дека таа е толку многу модифицирана експертите ја опишаа како застрашувачка, и дека станува збор за најлошиот вид што го виделе досега.

Иако е сè уште е рано и случаи на новиот вид се потврдени само во една област во Јужна Африка, како и во Боцвана, Хонг Конг, но детектиран е и во Израел кај патник кој се враќал од Малави, веќе научниците алармираат дека има индиции дека новиот сој веќе се проширил. Веднаш се поставуваат прашањата за тоа колку брзо се шири новиот вид, дали може да ја пробие заштитата што ја обезбедуваат вакцините и што треба да правиме.

Сојот ја доби ознаката B.1.1.529, а на состанокот на Светската здравствена организација во петок треба да добие кодно име според грчката азбука, односно ќе биде наречен „ни“.

Тулио де Оливеира, директор на Јужноафриканскиот центар за епидемиолошки реакции и иновации, вели дека постои „невообичаен сооднос на мутација“ и дека има значителни разлики од соевите кои се откриени досега.

„Овој вид нè изненади, имаше голем еволутивен скок и значително повеќе мутации отколку што очекувавме“, рече тој.

Продолжува на Фактор.мк