Научно потврдено: Личностите родени во мај се најздрави, еве и зошто!

Еден од заклучоците на ова истражување посочува дека мајските деца растат во луѓе со силна волја и изразена интуиција

Родените во мај се меѓу најсреќните и најздравите луѓе, покажа студијата на британскиот психолог Ричард Вајсман, кој го проучувал влијанието на годишните времиња врз развојот на децата.

Според студијата на неговиот тим, родените во мај имаат поголем оптимизам и попозитивен поглед на светот од другите, поради влијанието на дневната светлина врз допаминот, хормонот на среќата кој го контролира центарот за задоволство.

Мајските бебиња се поиздржливи и поотпорни на многу болести од оние родени во есен или зима, благодарение на комбинацијата од умерени пролетни температури и сонце. Тие имаат помал ризик од респираторни заболувања, алергии, астма и егзема бидејќи се соочуваат со алергени на најраната возраст тие растат заедно со природата“, се вели во студијата на тимот на Вајсман.

Еден од заклучоците на ова истражување посочува дека мајските деца растат во луѓе со силна волја со изразена интуиција. Од астролошка гледна точка, родените во мај се познати по својата тврдоглавост и истрајност, поради што повеќето од нив се успешни во деловниот живот.

Ги краси вродена љубопитност и авантуристички дух, но во зрелата возраст се посветени на семејството и добрите родители“, пишува порталот „Брајт Сајд“.