Не е Карлеуша, ниту Цеца, таа е најбогата српска пејачка: На нозете носи злато, а чантата ѝ вреди колку 2 големи стана!

Ако мислевте дека Цеца и Карлеуша се најбогати, во голема грешка се лажете

Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, која во 2013 година се омажи за дваесет години постариот ИТ експерт Данијел Роквиќ, во последно време е поретко во Србија.

Кога се во Србија, живеат на Врачар во куќа од 500 квадрати. Имаат три куќни помошнички бидејќи гардеробата на Дијана вреди половина од куќата и треба да се одржува.



Пејачката планира да го реновира целиот кат и да го претвори во гардеробер.

„Ќе има цел кат во стакло и огледала. Ќе биде само мојата гардероба, еден ѕид за чанти и еден ѕид за чевли“, открива пејачката.

Во својата колекција Дијана има „Hermes Birkin чанта“ во портокалова нијанса која чини колку два стана во Белград.


Имено, за таа чанта, која се продавала за 100.000 долари, имало листа на чекање цели шест години.

Пејачката купила чевли кои, како што вели, се носат со златни „ролекс“ часовници, а чинат 2.000 евра.


Диди неодамна објави видео од својата јахта, а коментарите само продолжија да се редат.



Диди сега реши добро да се забавува на својата јахта, а видеото во бикини го сподели со своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм.

Пејачката позираше на колена, имаше синџири околу вратот, очила за сонце, а нејзините обожаватели забележаа нешто сосема друго.

Имено, Дијана цело време ја држела раката над стомакот, а еден коментар гласел: „Зошто го покриваш стомакот кога го немаш на сликите?“.



Пејачката често ја изненадуваше јавноста со своите приказни за светската слава и популарност во Америка и тамошните музички кругови.


Фото: Инстаграм