Не е маж, туку мажиште! Велат дека е најфраер во Европа, се фотографираше во танга гаќи, ги сруши стереотипите, а милиони жени воздивнуваат од глетката

Дамијано Давид не престанува да ги поместува границите! Фронтменот на групата Måneskin ја полуде Европа по победата на Евровизија, а неговиот изглед крена голема прашина - додека голем број жени тврдеа дека „најфраер“ и „вистински маж кој им пркоси на табуата“, имаше критичари кои велат дека овој Италијанец го претставува сето она што е погрешно во ова општество.

Во секој случај, популарноста на Дамијано се зголемува, а ордата на неговите обожаватели станува се‘ поголема. Тој не се двоуми да си игра со својата машкост и сексуалност, а тоа е она што го прави уште попредизвикувачки и интересен.

Жените ја обожаваат неговата самодоверба и фактот дека може да се слика гол без проблем или во изданија кои се целосно нетипични за мажите, особено оние кои го почитуваат статусот на секс симболи.

Но, овој 22-годишник е познат како некој кој ужива да ја изненади публиката, па неодамна беше фотографиран во прилично неочекувана поза. Имено, Дамијано позираше во црно боди танга, и без проблеми го сврте задникот кон камерата. 

Оваа донекаде шокантна сцена предизвика лавина реакции на илјадници и илјадници коментари од ентузијастичките следбеници. „Ова е доминација“, „Те сакам, Дамијано“, „Те обожавам“, се само неколку од серијата слични коментари.

View this post on Instagram

A post shared by Damiano David/Maneskin (@ykaaar)


Инаку, убавиот Италијанец неодамна беше фотографирана и целосно гол, а најинтимниот дел го покри само со топка за кошарка. Дамијано и онака нема проблем со голотијата, како и останатите од групата Манескин, па затоа не сме изненадени што пред неколку дена објавија заедничка слика на која се како од мајка родени.


Фото: Инстаграм/ Damiano David/Måneskin