Не го држи во раце, ќе го размазиш: Колку сум среќна што не ги послушав овие совети

Скопјанката Загорка Видоевска, дама со стил и мајка на две деца, секојдневно споделува дел од нејзиниот приватен живот со своите следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

Овојпат таа со својата објава емотивно допре до срцата на многу млади мајки, кои често слушаат совети за тоа како треба да постапуваат со своите бебиња.

„Ми велеа: "Никако немој да го заспиваш твоето бебе во раце! Ако го научиш, потоа засекогаш ќе мора да го заспиваш така! Немој да дозволуваш да спие во твојот кревет. Никако!!! Не го држи во раце, ќе го размазиш! Немој да го доиш кога и да посака, гледаш дека си игра со тебе, те манипулира!!!"
...
Навистина?! Колку сум среќна што не ги послушав овие совети од мајки, кои буквално ме предупредуваа како да ја правам најголемата грешка во мојот живот.
Ве заспивав во раце и сѐ уште го правам тоа, ќе спиете со мене секогаш кога ќе ви биде страв да спиете сами. Ве доев секогаш кога ќе побарате. Кира ми беше во раце кога и да посака и сега ја држам понекогаш,но тоа е многу ретко, голема е! Така ќе биде и со Јаков и никогаш ама буквално никогаш не зажалив за ништо. Затоа што за мене најголема среќа е кога ги гушкам и го слушам чукањето на нивните срца, го дишам нивниот магичен мирис и само кога ми се тука сум целосно спокојна.
Родители, гушкајте ги вашите деца, држете ги, заспивајте ги во раце. Не велам дека е лесно, знам дека сте уморни, но растат толку брзо. Нема да имаат секогаш толку голема потреба од нашето време и внимание и затоа сакам да им се дадам целосно. Времето лета и сигурна сум дека толку овие мигови ќе ни бидат најубавите спомени.“

View this post on Instagram

A post shared by ᴢᴀɢᴏʀᴋᴀ ᴠɪᴅᴏᴇᴠsᴋᴀ (@miss__zaza)