„Не ни сонував дека постои ваков добар фраер, буквално излезе од најбезобразните женски соништа: Овој убавец преку ноќ ја покори Европа, но и светот (ФОТО)

Неодамна, на 27 април, беше промовирано долгоочекуваното продолжение на „365 дена“, полско-италијански еротски трилер кој започна неверојатен бум во 2020 година. И покрај медиокритетната глума и сценарио и проблематичниот заплет кој го романтизира заробеништвото и бројните критики, ова достигнување стана сензација и го најде својот пат до срцата на публиката.

Повеќето веруваат дека заслугата за тоа ја има главниот актер на филмот - Италијанецот Микеле Мороне, кој ги освои дамите со својот впечатлив изглед, згодното тело и мистериозната енергија. Но, во овој, вториот дел од филмот, Мороне, кој го толкува ликот на италијанскиот мафијаш Масимо, доби засилување и колега кој сериозно се заканува да му ја одземе титулата најпосакуван маж во Европа.

Имено, на филмската екипа и се придружи манекенката Симоне Сузина, која тогаш го игра ликот на Начо, гангстер и долгогодишен непријател на Масимо, а исто како Микеле, и овој Италијанец е буквално неодолив! Го краси извајано тело, извајани мускули, убаво, цврсто лице и неверојатно сини очи, а за целиот впечаток придонесува и фактот што има одличен моден стил.

Но, кој е точно Симоне Сузина?



Станува збор за 28-годишен италијански модел, кому ова му е прв актерски ангажман. Но, тој со години е многу познат и баран во манекенските води, а за него буквално се борат брендови како Армани и Долче и Габана. Тој е исклучително популарен и на Инстаграм - таму го следат над 1,4 милиони луѓе. Сузина на пошироката јавност и стана познат во 2017 година, кога се појави во италијанското реално шоу „L'isola dei famosi“.

Она што најмногу ја интригира јавноста е прашањето дали Сузина е всушност геј. Ваквите гласини започнаа минатата година, кога тој на социјалните мрежи сподели фотографија со Мороне. Но, додека Микеле жестоко ги негираше шпекулациите за неговата ориентација, Симоне не одговори.



Сепак, познато е дека од 2016 до 2018 година беше во врска со венецуелската манекенка Маријана Родригез, а потоа и во кратка романса со манекенката Ана Моја.



Без разлика на неговата сексуална определба, едно е сигурно – малкумина остануваат рамнодушни кон Симоне, а тоа го докажуваат стотици илјади коментари на социјалните мрежи. „Убав, совршен, многу ми се допаѓаш“, „Човеку, гориш“, „Буквално не ни сонував дека има ваков човек“, „Најубавиот Италијанец“, „Живеам за да ти го видам лицето“, „Излезе од најбезобразните женски соништа“, „Каков крал си“ „Да ме погледнеш, ќе умрам, а камоли да те допрам“, се само некои од сличните коментари во морето од илјадници.


Фото: Инстаграм официјален профил Симоне