Не се слушаме често: Познатата српска актерка ги откри деталите за кумството и односот со Цеца

Познатата актерка Љубинка Клариќ, која долги години има силно пријателство и кумство со фолк sвездата Ражнатовиќ, откри детали за врската со популарното семејство.

Имено, Љубинка откри каква врска има со Цеца и дали често се слушаат.

- Па, не се слушаме секој ден, но од време на време. Сите сме добро, сè е нормално, сè оди добро. Фала му на Бога, сите сме живи и здрави, ништо невообичаено не се случува, сè се одвива мирно - изјави таа за Курир.

Љубинка неодамна изјави дека долги години имала силно пријателство и кумство со фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ.

- Нашето кумство трае 15 години. Мојата родена сестра ја венча родената сестра на Цеца и така станавме кумови. Ние одржуваме контакти онолку колку што дозволуваат нашите обврски, но сите се обидуваме да се собереме на важни семејни настани - изјави актерката.

извор:glossy.espreso.rs