Неда Украден ќе учествува во шоуто European Music Fest во Лас Вегас. Балканската ѕвезда ќе настапи на иста сцена со светски познатиот пејач Енрике Иглесиас, а засега учеството го имаат потврдено и членовите на германското дуо „Модерн Токинг“.
- Веста дека ќе бидам дел од една ваква светска манифестација ме затекна на мојата мини-турнеја во Словенија. Прво не ми се веруваше, но кога пристигнаа мејловите со договорот и деталите сфатив дека не е шега. Секако дека со огромно заоволство прифатив да учествувам, не само што ќе бидам во друштво на мегаѕвезди, туку и затоа што моите песни ќе ги слушнат гледачите на националните ТВ-куќи Ен Би Си и Фокс- стои во официјалната изјава на Украден.