Нега на рацете во време на Ковид-19: Дерматитисот почест од било кога
Пред да се погледнете во огледало, проверете - дали сувата кожа, брчките и дамките од сонцето на вашите раце веќе оставиле трага на старeење, пред време?
Дали вашите раце се суви и црвени, ве чешаат и се појавил дерматитис? Ваквите промени забележале бројни дерматолози од почетокот на епидемијата на Ковид, а причината е се почестата употреба на силни сапуни, средства за дезинфекција, па дури и чист алкохол за хигиена на рацете. За да ја обновите кожата и да го зачувате младешкиот изглед на рацете, треба да барате сапуни со најниска можна pH вредност, но и да примените дополнителна нега. Што се однесува до парфемите во сапунот, без разлика дали е течен или цврст, тие можат да придонесат за појава на егзема, затоа избегнувајте ги во кој било козметички производ доколку вашата кожа е чувствителна.
Колку што е можно повеќе, користете заштитни ракавици кога ги извршувате домашните работи. Ако работите со вода и детергенти, се подразбира дека треба да носите гумени, но кога чистите прашина или пеглате, можете да користите платнени ракавици. Памучни ракавици се препорачуваат и за време на спиењето, но прво треба да се нанесе подебел слој производ за нега.
Идеално е надлактиците да ги користите како „палета“ на која нанесувате и креми и серуми за лице - наместо да ги триете со дланките. Нахранете ги заноктиците со креми или масла специјално направени за таа намена, а на крајот намачкајте слој вазелин и потоа ставете ракавици за спиење. Ако навистина сакате да чепкате на телефон пред спиење, отсечете го горниот дел од ракавицата на прстите и тоа ќе биде уште попрактично.
За крај, не заборавајте да користите крема за сончање и на вашите раце. Можеби кремот не ви одговара додека возите, но многу марки имаат производи и во форма на пудра, па затоа е препорачливо секогаш да ја имате во автомобилот.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs