Негативните страсти се смирија: Сека Алексиќ отворено за конфликтот со Јелена Карлеуша кој траеше 15 години

Популарните пејачки со години се во многу лоши односи, а Сека сега отворено проговори за помирувањето.

Меѓу најпознатите конфликти на српската естрада секако е оној меѓу пејачките Сека Алексиќ и Јелена Карлеуша, кој траеше со години и во кој паднаа многу тешки зборови.

Сепак, пред извесно време страстите се смирија, па долго време се шпекулираше за односот на двете музички ѕвезди денес.

Пред неколку месеци Сека откри дека обожавателите на Инстаграм често ја прашуваат за мислење за Јелена Карлеуша, па во една прилика решила да одговори.

- Се менував со годините, созреав и се трудев да нема негативна енергија околу мене. Во минатото имало се', неискуство, подбуцнување итн. Од моја страна сега - имам многу убаво мислење за Јелена - изјави пејачката.

Како што таа сега истакна за Скандал, тие никогаш не се виделе лице в лице за да разговараат за се' и официјално да се помират, но таа смета дека на конфликтот му дојде крајот.

- Ние двете не сме се смириле конкретно, не сме се сретнале, но мислам дека кај нас се смирија некои страсти и негативни сили. Поминаа години. Веројатно во одреден момент и двете сфативме дека тоа е глупост и дека пред тоа сме биле млади и дека сме водени од тие емоции - објасни Сека.

Таа истакна и дека го почитува ПР-от и најдобар пријател на Јелена, Зоран Бирташевиќ и дека со него има исклучителен однос.

- Мислам дека нејзиниот ПР Зоран Бирташевиќ е навистина прекрасно момче. Првпат стапив во контакт со него, се следиме на социјалните мрежи, често се допишуваме и се поздравуваме со Јелена преку него, и таа ме поздравува, сега меѓу нас е мирно пристаниште - вели пејачката.

По сите тешки зборови, Сека истакнува дека повеќе не и замерува на колешката и дека би ја поздравила ако ја сретне.

- Одамна и простив, мислам дека тоа е далеку зад мене. Ние двете сме остварени, семејни жени денес. Веќе не се ни сеќавам што се случи тогаш. Да ја сретнам, дефинитивно ќе и подадам рака, ќе се однесувам како ништо да не се случило, затоа што сум сигурна дека тоа сега е зад мене и зад неа - рече Сека и додаде дека ја поддржува Карлеуша.
-Секако, мислењето за неа сега е сосема поинакво отколку пред 15 години. Мислам се' најдобро за неа, ја поддржувам секоја мајка и жена која е борец, а таа секако е.

извор:GLOSSY