Нејзиниот поранешен сопруг му порача - „Отвори си ги очите и паричникот!“: Том Круз во врска со 25 години помлада убавица
По веста дека холивудскиот актер е во врска со неговата поранешна сопруга, рускиот богаташ веднаш излезе со жесток коментар
Холивудскиот актер Том Круз (61) помина извесно време сам, откако раскина со актерката Хејли Атвел, со која играше во најновото продолжение на „Невозможна мисија“.
Сепак, тоа неодамна се смени, пишуваат странските медиуми кои велат дека актерот повеќе не ја крие својата нова љубов.
Круз од неодамна се гледа со руската убавица Елсина Кирова (36), која е позната во високите кругови, а „Дејли Мејл“ пишува дека тие „официјално“ се пар.
Актерот наводно редовно ги поминува ноќите во станот на Елсина во Лондон, изјавиле неговите пријатели за споменатиот портал.
Том Круз и Елсина Каиро заедно присуствуваа на добротворната гала „Air Ambulance Charity“ минатата недела во луксузниот хотел „Рафлс“, каде принцот Вилијам ѝ се обрати на јавноста за прв пат откако беше објавено дека неговиот татко, кралот Чарлс Трети, боледува од рак.
– Во круговите на Елсина е добро познато дека Том и таа сега се заедно – раскажува за „Дејли Мејл“ извор близок до љубовниците. - Во изминатите недели доста се зближија, но многу се трудат да не ги фотографираат заедно бидејќи сакаат да ја зачуваат својата приватност.
Тој откри и дека Том Круз редовно спие кај Елсина
– Уживаат во заедничките моменти и, и покрај тоа колку се богати, прават сѐ како „нормалните“ парови – вели анонимен извор.
Заедно ги посетија најексклузивните лондонски ресторани и инкогнито прошетаа во Хајд Парк, кој е во близина на станот на Русинката. Се верува дека тие се запознале во декември на забава во Мејфер.
Се огласи поранешниот сопруг на новата девојка на Том Круз
Елсина претходно беше во брак со Димитрије Цветков, а по тригодишна правна битка доби неверојатни 150 милиони фунти.
Откако беше објавено дека неговата поранешна сопруга сега е во врска со холивудски актер, рускиот богаташ изјави дека потрошил 10 милиони фунти за облеката на Елсина и 2 милиони фунти досега за нејзините чанти.
- Без разлика со кого е, дали е Том Круз или некој друг, тој треба да биде свесен дека ѝ се допаѓаат пофините работи во животот, дека има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите и паричникот широко отворени - вели Цветков. - Среќен сум поради неа, и посакувам сѐ најдобро.
Извор: glossy.rs