Нема да можете да ги задржите солзите: Младоженецот почина неколку минути пред да ѝ вети вечна љубов на саканата

На денот на церемонијата, најстариот син на двојката ја водел неговата мајка кон олтарот кога забележале дека нешто не е во ред со младоженецот

Младоженецот починал пред олтарот неколку минути пред да ѝ вети вечна љубов на саканата, пренесува Daily Record.

Осум дена пред трагедијата, лекарите на 57- годишниот Пол Вин од Шкотска му дијагностицирале рак на панкреасот со метастази во црниот дроб и белите дробови. 

Прогнозата на специјалистите не била добра– му останувале шест недели до два месеци живот.

Тогаш Пол и неговата 38-годишна девојка Алисон решиле да стапат во брак. Двајцата се заедно 21 година и имаат пет деца.

Во октомври 2019 година, Пол ја запроси Алисон во куќата на еден пријател. Среќниот настан требало да се случи на 16 јули годинава, но поради разорната дијагноза датумот на венчавање бил одложен. 

На денот на церемонијата, најстариот син на двојката, 20-годишниот Санди, ја водел својата мајка кон олтарот кога забележале дека нешто не е во ред со неговиот татко. 

„Тој беше опуштен на столот. Го повикав неговото име неколку пати додека одев кон олтарот, но тој не одговори. Тој не се сврте, не ме погледна и тогаш сфатив дека нешто не е во ред “, рече Алисон.

Во тој момент станало јасно дека човекот изгубил свест.


Можеби ќе ве интересира: