Неочекувано: Актерот Чанинг Татум се разведува
Ченинг Тејтум и Џена Деван се разделуваат. Тие објавија развод по 9-годишен брак. Актерите, на 37-годишна возраст, ја откриа веста, со заедничка изјава во Инстаграм. Тие велат дека остануваат "најдобри пријатели", но дека во моментов се на "различни патишта".
Ја имаат ќерката, Еверли која на 31 мај ќе наполни 5 години. Чанинг и Џена велат дека ќе останат "посветени родители" покрај нивната разделба. "Заедно одлучивме да се разделиме како двојка. Се заљубивме длабоко еден во друг пред толку многу години и имавме неверојатна авантура. Апсолутно ништо не е променето во однос на тоа колку многу се сакаме, но љубовта е убава авантура која во моментов не однесе на различни патишта ... Нема никакви тајни или настани во основата на нашето решение - само двајцата сме најдобри пријатели, сфативме дека е време да се разделиме и меѓусебно да си помогнеме да живееме што е можно посреќен и исполнет начин.
Актерите се состанаа на снимањето на филмот "Step Up" во 2006 година, а три години подоцна се венчаа во Малибу.