Непосредно пред финалето голема промена во обложувалниците: На кое место е сега Констракта?

Ана Ѓуриќ Констракта вечерва ќе настапи под реден број 24, а пред финалето се случуваат големи промени во обложувалниците.

Откако во второто полуфинале стигна до финалето, дојде до постепен скок во обложувалниците. Имено, Констракта пред полуфиналето беше на 10. место, по што скокна на 8. позиција, а денеска на денот на големото финале српската претставничка е на 6. место.

Да потсетиме, пред неколку недели беше на 20-та позиција, а како што се приближуваше времето на почетокот на Евровизија, Ана Ѓуриќ се искачи на листата на обложувалниците.

Констракта сега го зазема шестото место на обложувалниците, со тенденција на раст.

Првите пет фаворити и понатаму се Украина, Велика Британија, а потоа следуваат Шведска, Италија и Шпанија.

Список на топ 15 фаворити:

1. Украина

2. Обединетото Кралство

3. Шведска

4. Италија

5. Шпанија

6. Србија

7. Грција

8. Полска

9. Норвешка

10. Холандија

11. Молдавија

12. Австралија

13. Чешка

14. Финска

15. Естонија


Извор: www.b92.net