Неуништлив цвет кој успева во секоја градина, и на сонце и во сенка: Трае вечно

Слободно можете да го заборавите - овој цвет практично сам се грижи за себе

Дикино око (Кореопсис) се смета за неуништливо растение од убави жолти цвеќиња што ги разубавува градините од мај до септември.

Дикино око може да порасне скоро до еден метар, па затоа е одличен избор за исполнување на некој дел од градината. Кога се сее, може за многу брзо да покрие голема површина од градината. Фантастично личи во комбинација со сите други цвеќиња.

Речиси ништо не му смета, ни влијае. Сепак, неспоредливо повеќе цвеќиња ќе пораснат ако се засадат на сончево место. Може да расте и во сенка.

Кога ќе се посее - слободно можете да го заборавите. Обично го избираат градинари кои го сакаат дивиот изглед на градината, но исто така е неизбежен дел од “винтиџ“ градината.

Иако обично може да се види со жолти ливчиња, го има и во други нијанси, а дикиното око со дупли цветови е особено популарно.

Есента е идеален период за садење, може да пораснат и до 90 см, па затоа е најдобро да ги садите по ивици, за да не им прават сенка за сонце на другите цвеќиња.

извор:stil.kurir