Неверојатна трансформација: Жена (50) двапати ја ставила оваа маска на лицето ѝ ја подмладила кожата за 15 години
Оваа маска не треба да ја користат само оние кои се алергични на некоја од состојките или имаат отворени рани или повреди на лицето.
Една жена во раните педесетти години на Интернет го сподели своето искуство за користење на таканаречената златна маска за лице. Таа тврди дека ја користела само два пати и дека пријателите веднаш почнале да ја прашуваат што се случило со нејзиното лице и дали била подложена на некаква хируршка интервенција.
Состојки: 2 лажици свежо рендан ѓумбир, 2 лажици мед, 1 лажичка куркума.
Подготовка и примена:
Измешајте ги сите состојки и нанесете на лицето. Оставете да отстои десет минути. Можно е лицето малку да ви изгори или да се чувствувате како да горите, но тоа е сосема нормално бидејќи оваа маска дава ефект на топлина и на тој начин ја подобрува циркулацијата на крвта и ги „пегла“ брчките.
По десет минути исплакнете го лицето со топла вода.
Која е тајната на оваа маска?
Моќните состојки се одговорни за целосно неверојатниот ефект на подмладување. Ѓумбирот ја враќа еластичноста на кожата и ја тонизира, ја стимулира циркулацијата дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Поради тоа, кожата повторно почнува да сјае и станува поздрава, а опуштената кожа и брчките полека стануваат минато. Освен тоа, ѓумбирот ја хидрира кожата и ѝ дава клучни состојки.
Куркумата го стимулира производството на колаген и ја прави кожата посветла и посјајна. Содржи ниацин, кој помага во обновувањето на оштетените клетки. Тоа дури помага да се намали видливоста на старечките дамки. Доколку на кожата останат жолти траги од куркума, ќе ги отстраните со сок од грејпфрут.
Медот содржи полифеноли кои го забавуваат процесот на оксидација во клетките и го спречуваат нивното стареење.
Напомена: Оваа маска не треба да се користи доколку сте алергични на некоја од состојките или имате отворени рани или повреди на лицето.