Неверојатната судбина на најбогатата русокоса! Поради изгледот со години била понижувана, а денес заработува милиони и го живее својот сон

Добивај вести на Viber

Успехот е најдобрата одмазда

Кјара Ферањи е една од најуспешните и најпопуларните модели и инфлуенсери, која од ден на ден бележи нови деловни успеси. Таа е следена од над 25 милиони луѓе на Инстаграм, има милиони на својата сметка и совршен семеен живот. Сепак, не било секогаш така ...

34 -годишната Кјара се осврна на своето детство и почетокот на кариерата кога никој не сакал да работи со неа. Таа зборуваше и за своето трауматично детство кога врсниците ја понижувале и задевале поради нејзиниот изглед.

Бидејќи била исклучително висока, па се издвојувала од групата нејзини врсници, честопати била цел на потсмев. Како што еднаш призна, навредите на сметка на нејзиниот изглед ја повредувале, но исто така ѝ ја зајакнале и ја направиле упорна и силна личност.

И кога започнала да работи и започна свој моден блог, наишла на потсмев и затворени врати. Никој не сакал да соработува со неа, и многумина отворено и рекле дека никогаш нема да успее.


„Пред 12 години, кога ја започнав кариерата, ги гледав Vogue (Вог) и тогашниот главен уредник како свет далеку од мене. За мене, тоа беше мал круг креативни луѓе, бидејќи бев само на почетокот на ова лудо патување и немав поим. На првите ревии на кои бев поканета, седев далеку од пистата, каде што дури и не гледав се‘убаво, додека сите важни луѓе седеа во првите редови.Денес кога се најдов на наслвната страница на Вог Италија,јас сум горда на девојката која го започна својот блог во 2009 година. Тоа е остварување на сонот по многу жртви и многу напорна работа. Ова не е прва насловна страница што ја снимив за Вог, но е една од највредните“, напиша Кјара.


Светот првпат слушна за Кјара Ферања пред повеќе од десет години, кога одлучи да го започне блогот за забава „theblondesalad.com“, каде објавуваше фотографии од родниот Милан.

Многу наскоро, девојката која беше понижена од сите, стана една од водечките модни блогари во светот.

Во 2013 година, таа се пресели во Лос Анџелес, а Форбс ја вклучи во листата на највлијателни луѓе во модната индустрија на возраст под 30 години.

View this post on Instagram

A post shared by Chiara Ferragni  (@chiaraferragni)


Денес, таа живее во луксузна вила и заработува милиони. Таа е доказ дека се‘ може да се постигне во животот со мала волја.


Фото: Инстаграм/Кјара Ферањи