Невестата плачела со денови: Се омажив во саботата, а кога го отворив пликот имаше само 5 евра и писмо

Бракот треба да биде настан во животот на жената за кој ќе ја врзуваат само убави и пријатни чувства. Меѓутоа, за време и по свадбените веселби, понекогаш се случуваат работи што можат да предизвикаат тага. Исто е и во исповедта на оваа анонимна девојка која се појави на социјалните мрежи.

„Се омажив во саботата, а не насетував дека ќе плачам толку многу на крајот од денот на венчавката, дека нема да ми биде добро.

Откако гостите си отидоа, јас и мојот сопруг почнавме да ги разгледуваме подароците, пликоата и се‘ што добивме тој ден од нашите пријатели и роднини.

Ракописот на еден од пликовите веднаш го привлече моето внимание. Тоа беше ракопис на дедо ми. Одлучив веднаш да проверам колку пари ми даде дедо ми за мојата среќна иднина, а кога го отворив се зачудив. Во пликот имаше само 5 евра. Но, тогаш видов дека има и писмо во пликот. Го извадив и почнав да читам, а првата реченица ми ги насолзи очите.

Ми напиша дека тој ден е најгордиот и најсреќниот човек на светот, затоа што ме гледал како станувам независна жена, дека започнав да го градам моето семејство.

Би ти го дадал целиот свет ако можам, но немам повеќе, не можам ... толку одвоив .

Искрено, на почетокот се разочарав, се чувствував понижено. Не се работи за парите, но овие зборови ми вредат повеќе отколку да ми дадеше 1.000 евра“.


Фото: freepik

Иако парализирана, невестата стана од количка и одеше до олтарот: А, ѝ беше речено дека никогаш нема да оди