Иако парализирана, невестата стана од количка и одеше до олтарот: А, ѝ беше речено дека никогаш нема да оди

Во преубавата инспиритивна приказна, парализираната невеста отиде до олтарот, иако докторот рече дека никогаш нема да оди. Во исто време, и рекоа дека не може да има повеќе деца, но сепак таа е бремена.

Оваа инспиритивна приказна на една млада жена, Бритни Бедвел, е добар потсетник за тоа дека никогаш не треба да се откажуваме.

Во 2017 година, Бритни и нејзиниот син доживеја тешка несреќа. Во целата несреќа, за среќа син и бил неповреден, но Бритни доби огромен список на работи кои повеќе никогаш нема да може да ги прави.

Затоа беше голем триумф кога таа како невеста -парализирана одеше до олтарот!

Откако останала парализирана, и било кажано дека нејзиниот живот ќе биде многу поинаков.

„Лекарот ми рече дека никогаш повторно нема да одам, не сакав да верувам во тоа“, рече Бритни.


Паднала во депресија

Прво се борела со депресија, за она што и го рекле лекарите. Таа скоро се откажала, но потоа Бог направил нешто неверојатно.

„Еден ден само се разбудив со чувство во нозете и знаев дека не е крај“, рече таа.

Бритни била одлучна да им покаже на лекарите дека тие воопшто не биле во право. Таа веднаш започнала да работи со сите сили.

„Знаев дека морам да преминам преку она што ми беше речено дека никогаш повеќе нема да одам. Започнав да туркам напред“, додаде таа.

Нејзината одлучност се зголемила откако се верила со Глен Хитчок. Желбата да оди до олтарот, иако е парализирана и бремена, ја туркале напред.

„За мене беше многу важно затоа што ги гледав моите четири сестри како одат до олтарот со нашиот татко и знаев дека сакам и јас, и морав да работам уште повеќе“, рече таа.

Таа продолжи да работи напорно. Кога дојде големиот ден, сите очи беа вперани кон неа додека таа одеше кон олтарот!

„Кога погледнав во гостите сите имаа солзи во очите и се чувствував фантастично бидејќи бев тука за мене и Глен“, додаде таа.


Емотивен момент за сите присутни

„Ме остави без зборови“, рече нејзината сестра Ашли, и додаде: „Само ќе кажам - Бритни Ведвел ме инспирира никогаш да не се предавам. Да верувам во чуда, да бидам силна, да ги рушам границите и да сакам длабоко и слободно“.

„Неверојатно, сум среќен“, рече Глем, „Знам дека на крајот повторо ќе прооди. Тоа е само прашање на време “.

И тоа не е единственото чудо за овој пар.

Поради повредите што ги здобила во несреќата, лекарите сметале дека Бритни повеќе нема да може да забремени.

Но, додека одеше до олтарот и инспирираше многумина, тоа не беше единственото изненадување и чудо. Таа и Глен повторно покажаа дека се‘ е можно– Бритни е бремена!

Откако многупати и беше кажано дека нема да може да прави многу работи, Бритни можеше да се откаже. Но, таа продолжи да се бори.

Нејзината борба сè уште не е завршена, таа има намера да постигне уште многу.

„Лудо е, не мислев дека ќе стигнам до овде“, рече таа, „Ако продолжам вака, мислам дека ќе можам да одам. Можеби нема да одам нормално, но ќе одам подолго отколку до олтарот“.

Бритни сака нејзиниот приказна да стане вирална и да охрабри многу други луѓе.

„Сакам луѓето да ги зголемат своите сили и да не се плашат да прават работи што се страшни за нив, бидејќи никогаш не знаете што можете да постигнете“, објасни таа.

Во исто време, таа рече дека секогаш треба да туркате само напред!

Лесно е да се откажеш кога успехот е скоро невозможен. Но, треба да продолжиме да се обидуваме и да веруваме во Бог.



Фото: screenshoot/youtube

Видео: Фејсбук/youtube

Можеби ќе ве интересира:

Сопругот ја напушти кога остана неподвижна: Наместо да тагува, му се одмази вака