Никола Јанков со кнедла во грло: Запознав човек во Италија кој си ги крстил близнаците Дуле и Коки

Никола Коки Јанков од дуото „Дуле и Коки“, кое остави голема трага и музичко богатство на нашата сцена, сподели емотивна случка која го оставила без зборови и со кнедла во грло.

Имено, на музички настап во Италија, Пијаченца, сретнал нашинец кој пред многу години заминал од Македонија, а Коки останал без зборови кога тој му открил дека си ги крстил децата - близнаци, Дуле и Коки, токму по познатото музичко дуо кое остана да живее преку музиката дури и по смртта на Дуле, Душан Љубисављевиќ.

„Од време на време ќе сретнеш, ќе разбереш, ќе слушнеш некоја случка или приказна, е, ама оваа е вистинска „Love storу“.
Не беше за верување, ама ќе те тресне па ќе се чудиш дали е за верување или не. Дури свирев таа вечер, имаше еден пар, маж и жена, што некако ми двоеја од останатите луѓе од таа маса (голема беше масата) кај што седеа. Нема-нема, па со поглед, човекот како да сакаше да ми каже нешто.
Не знам како, при крај некој викна: Седни Коки, одмори малку - и седнав... ама баш до човекот за кој ви зборувам.
Ми рече вака: брат, заминати сме од Македонија одамна, имам двајца синови, близнаци, по 13 години се. 
- Е супер, реков, како ќерка ми
-Ќе погодиш како се викаат? - ме праша.
Кревам раменици.
- Дуле и Коки, по вас.
Штама, кнедла...
Чест е, а?
Можам да напишам уште нешто... ама не можам...
ПС. Му реков на Ѓорѓи, таткото, да ги донесе утре, да ги гушнам
26.03.2022 Пијаченца, Италија“ - напиша Коки на неговиот Фејсбук профил.



На свирка често ми се случува да помислам дека ќе се појавиш од некаде: Емотивно писмо од Коки за Дуле