Ниту за 3.000 денари нема да ги терам пациентите кои пред месец и пол прележаа ковид да се вакцинираат: Матичните лекари остро против мерката „стимулација“

Добивај вести на Viber

По одлуката на Владата во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од корона вирусот и за спречување на ширењето на пандемијата, за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив, матичните лекари со кои поразговара Фактор велат дека поголем апсурд од ваква мерка немаат слушнато.

-Ова е повеќе од поттценувачки за нас како матични лекари, кои и досега сме ставани на маргините во целиот ланец на здравствениот систем. Нам не ни треба стимулација од 30 денари по пациент за да се вакцинира. Тоа го правиме свесно и одговорно од самиот почеток на масовната вакцинација против ковид-19, некаде од пролет. Сите мои хроинично болни пациенти се вакцинираа уште во мај, сега ја примаат и третата доза, односно бустерот. Огромен број и мои млади пациенти се вакцинираа подоцна....јули, август, септември. Разговарам со нив за тоа колку е сериозен вирусот и каква штета прави по прележеувањето и зошто е важна вакцинацијата пред воопшто да се заразат. Но, имам пациенти кои за жал беа инфицирани, некои од нив поминаа полесно, некои беа со потешка слика и се лекуваа или на Инфективната клиника или во ГОБ „8 Септември“. Тие луѓе уште имаат висок број на антитела, донираат крвна плазама за други болни пациенти, и навистина не гледам причина зошто да ги терам да се вакцинираат сега. И ние, матичните лекари читаме, следиме, гледаме искуства од други земји...никаде нема вакцинацина на прележаните по само месец и пол ја прележале болеста. Со ова не можам да се согласам и готово. За овие пациенти не ми треба стимулација ниту од 3.000 денари, а не за 30 како што одлучија нашите власти. За сите останати, вакцинацијата целосно ја поддржувам  и работам во насока на тоа да се заштитат со вакцина уште, како што реков, од почетокот на имунизацијата против Ковид-19 и без стимулацијам, велат матичните лекари со кои разговараше Фактор.

Продолжува ОВДЕ на Фактор.мк