Норвешката принцеза го шокира светот тврдејќи дека разговара со ангели, па се вери со шаман: Поради него наводно го оставила својот сопруг кој набрзо се самоубил

Норвешката принцеза Марта Луиз (50) и Американецот Дарек Верет (47) се верија, соопштија од палатата.

Пред две години ширум светот одекна веста дека славниот писател и поранешен сопруг на норвешката принцеза Марта извршил самоубиство на Божиќ. Од тој период, Марта е во центарот на вниманието на јавноста, нејзиниот живот наголемо се пишува во медиумите, а нејзината врска со шаманот Дарек Врет ги заинтригира сите.

Марта и Дарек се во врска од мај 2019 година, а малку се знае за приватниот живот на Варет пред принцезата, додека Марта од нејзиниот прв брак, кој заврши во 2016 година, има три ќерки. 

Во соопштението објавено од палатата, кралот Харалд и кралицата Соња ја објавија веридбата и му посакаа се најдобро на парот во иднина. Според норвешките медиуми, принцезата планира да се пресели во Калифорнија со своите ќерки.

50-годишната принцеза е најстарото дете и единствената ќерка на норвешкиот крал Харалд V. Нејзиниот помлад брат Хакон е наследник на тронот. Марта Луиз се откажа од титулата кралско височество и ретко прифаќа такви обврски, иако еднаш беше обвинета во јавноста дека повремено ја користи титулата за комерцијални цели.

Инаку, животот на Марта е многу нетипичен за еден член од кралското семејство и четвртиот наследник на круната. По професија е физиотерапевт, но кариерата ја направи во забавната индустрија, основајќи компанија која се занимава со прикажување на норвешки бајки и народни приказни. 

Поради нејзините тврдења дека е видовита и дека има комуникација со ангели, таа често предизвикуваше контроверзии.

Во норвешките медиуми таа беше особено критикувана за нејзината љубовна врска со споменатиот Американец Дурек Верет, самопрогласен шаман со кој има школа за алтернативна терапија. Некои странски медиуми неодамна пишуваа како нејзиниот поранешен сопруг се самоубил бидејќи го оставила да ужива во врската со шаманот. 

Неодамна во подкаст уште еднаш го шокираше светот кога рече дека разговара со ангели и дека е видовита. Таа тогаш рече:

„Се‘ ми се предвиде кога бев во мојата соба. Бев преплашена кога спиев навечер. Имав чувство на гушење и слично. Дури како возрасна моите родители ми кажаа дека нацист извршил самоубиство во мојот соба. Затоа имав кошмари таму, сега го разбирам тоа“, открила принцезата.


Фото: Профимедиа