Нов тренд во врските се предвидува за 2024 година: Луѓето порано беа згрозени од вакви парови, но сега се хит

Големите разлики во годините од изминатата деценија  ги згрозуваше луѓето, но во денешно време станаа се почеста појава. Како што овој тренд стана нормален за познатите личности, истото се случи и со обичните луѓе.

Апликацијата откри нов тренд во односите

Односите меѓу генерациите се очекува да бидат во пораст следната година, известува „Bumble“ како дел од годишната прогноза за трендовите на односите. Ако барате партнер на апликација за запознавање, поголема е веројатноста следната година да ви биде понуден некој значително постар или помлад, покажува апликацијата за запознавање „Bumble“, според истражувањето спроведено на повеќе од 26.800 членови во септември.

„Слободните повеќе нема да бараат совршени партнери и да внимаваат на временските рамки и ќе ја ценат поголемата емоционална ранливост, самодовербата и заедничките приоритети со партнерот“, велат истражувачите. Големиот јаз во возраста се предвидува дека ќе биде вистински тренд во 2024 година.

Која е идеалната разлика во години

Според психотерапевтот Тоби Ингам, не постои такво нешто како совршена разлика во возраста.

„Порано имаше правило дека половина од твојата возраст плус седум е возраста што треба да ја има партнерот, но тоа е веројатно застарена приказна сега“, рече Ингам.

„Мислам дека порано на луѓето им беше поважно партнерите да бидат врсници или барем да припаѓаат на иста генерација, затоа што на тој начин повеќе споделуваа, но сега тоа не е толку важно и младите веќе не се оптоваруваат со тоа. Годините не им се толку важни како порано со генерации, а квалитетната врска им е приоритет“, додаде Ингам, пишува „New York Post“.

Фото: unsplash.com
Извор: najzena.alo.rs