Нови детали од животот на покојната принцеза: Многумина мислат дека Дијана го имала најубавото запросување, но вистината е сосема поинаква

Иако многумина мислат дека предлогот на принцот Чарлс бил романтичен, тоа е далеку од вистината.

Во документарниот филм „Charles and Dee: The Truth Behind their Wedding“ се појавуваат нови детали за запросувањето на принцезата Дијана и принцот Чарлс. Ова е приказна која нема крај, бидејќи постојано се појавуваат детали кои фрлаат сосема ново светло на нејзиниот живот и смрт.

Иако многумина мислат дека предлогот на принцот Чарлс бил романтичен, тоа е далеку од вистината, пишува The Mirror.

Во новиот документарен филм Channel 5 „Charles and Dee: The Truth Behind Their Wedding“, уредничката на магазинот „Majesty“ Ингрид Суарс откри детали кои го шокираа светот. Предлогот беше сè само не романтичен.

Принцот Чарлс предложи запросувањето да биде во детската соба, за Дијана да ја почувствува топлината на домот во кој се наоѓа.

Дијана имала само 20 години кога дошла да го посети замокот Виндзор, а принцот е 13 години постар од неа. Немала поим дека оваа посета ќе и го промени животот.

Кога Дијана го слушнала прашањето за бракот во детската соба, веднаш пукнала од смеење. Таа почнала неконтролирано да се смее.

- Мислам дека веројатно беа само нејзините нерви. Не мислеше дека тоа е најромантичното запросување, но имаше понуда - изјавила Ингрид.

Во овој документарец зборуваше биографот Кристофер Вилсон.